НОВИ 30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА БОКИ 13 И ЗОКИ КИЧЕЕЦ, ОДЛУЧИ СУДОТ

    НОВИ 30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА БОКИ 13 И ЗОКИ КИЧЕЕЦ, ОДЛУЧИ СУДОТБоки 13 и Зоки Кичеец беа уапсени на 15 јули и по распитот во Основниот кривичен суд Скопје им беше одредена мерка притвор од 30 дена. (Фото: Инстаграм)

    Основниот кривичен суд Скопје ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена за двајцата осомничени во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец, соопштија од судот.

    „Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор за Б.Ј. и З.М. опфатени во предметот во медиумите познат како ’Рекет‘, по разгледување и ценење на фактите и доказите донесе решенија со кои го прифати предлогот и ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена“, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

    Боки 13 и Зоки Кичеец беа уапсени на 15 јули и по распитот во Основниот кривичен суд Скопје им беше одредена мерка притвор од 30 дена. Двајцата се осомничени за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание, а Боки 13 е осомничен и за кривичното дело Перење пари.

    За случајот „Рекет“, денеска на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција беше обвинителката од СЈО Лиле Стефанова, а следната недела на распит е повикана да дојде и специјалната обвинителка Катица Јанева.

    Минатата недела, италијанскиот весник „Ла Верита“ објави серија снимени разговори меѓу осомничениот Боки 13 и сведокот Орце Камчев, кој е осомничен во истрагата на СЈО „Империја“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира