И НАВЕЧЕР РАБОТИМЕ НА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦИТЕ, БУЛЕВАРОТ НА БИТ ПАЗАР ЌЕ БИДЕ ГОТОВ ЗА 30 ДЕНА, КАЖА ШИЛЕГОВ

    И НАВЕЧЕР РАБОТИМЕ НА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦИТЕ, БУЛЕВАРОТ НА БИТ ПАЗАР ЌЕ БИДЕ ГОТОВ ЗА 30 ДЕНА, КАЖА ШИЛЕГОВРеконструкцијата на булеварот Крсте Мисирков чини 20 милиони денари, за што Шилегов рече дека е многу помалку за разлика од претходно кога фирмите кои ги добивале тендерите наплатувале поскапо.(Фото: СДК.МК)

    Град Скопје денеска почна со реконструкција на коловозот на булеварот Крсте Мисирков на потегот од крстосницата кај ТЦ „Мавровка“ до поликлиниката Бит пазар. Ќе се менува асфалтот во должина од 1.350 метри, а како што најави градоначалникот Петре Шилегов градежните работи ќе завршат за 30 дена.

    Шилегов кажа дека на улиците кои се реконструираат низ Скопје се работи и навечер, што досега не било пракса, со цел што побрзо да завршат градежните работи.

    „Воведуваме нови стандарди во работењето со ноќно одвивање на градежните работи, нешто што досега го немало. Овој Град во минатото трошел пари за шминка, не за реални потребни. Да, од време на време имаме определени застои, но зафатите се завршуваат во рекорди рокови. Град Скопје ги троши парите на граѓаните за нивните приоритети“, рече Шилегов.

    Реконструкцијата на булеварот Крсте Мисирков чини 20 милиони денари, за што Шилегов рече дека е многу помалку за разлика од претходно кога фирмите кои ги добивале тендерите наплатувале поскапо.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира