Во близина на селото Трпејца кај Охрид, нуркачи од Центарот за подводни активности „Акватек“ снимија два примероци на ретката риба сончарка (Lepomis gibbosus). Оваа риба, која во езерските води за прв е евидентирана во 1990-те години, е снимена на 4 метри длабочина.
Сончарката потекнува од Северна Америка, а во Европа се смета за инвазивна риба, која може да ги надмине другите видови домородни риби. Вообичаено е долга од 10-28 см и тешка до 450 грама. Сончарката живее во топла и чиста вода со многу вегетација.
Меѓу охридските биолози има различни мислења од каде и како се појави сончарката во Охридското Езеро.
Д. ЧУБРИЌ