63 ГОСТИ, ПОВЕЌЕТО ЖЕНИ И ДЕЦА, ЗАГИНАА НА СВАДБА ВО КАБУЛ ВО НАПАД НА БОМБАШ-САМОУБИЕЦ

    63 ГОСТИ, ПОВЕЌЕТО ЖЕНИ И ДЕЦА, ЗАГИНАА НА СВАДБА ВО КАБУЛ ВО НАПАД НА БОМБАШ-САМОУБИЕЦВо нападот се повредени над 180 лица. (Фото: ЕПА)

    Шеесет и три лица загинаа, а над 180 се повредени по екскплозијата на бомба во сала за свадба во Кабул, главниот град на Авганистан. Најголем број од жртвите се жени и деца. Авганистанските свадби вообичаено се одржуваат со стотици гости во огромни сали, каде мажите се најчесто одвоени од жените и децата.

    Сведоци за Би-Би-Си изјавија дека бомбаш-самоубиец го детонирал експлозивот за време на свадбената церемонија. Експлозијата се случила околу 22:40 по локално време во област во западниот дел од градот, каде живеат главно шиитски муслимани.

    Талибанците ја негираат вмешаноста во нападот, а засега ниедна друга група не ја презеде одговорноста за нападот.

    Претседателот на Авганистан Аграф Гани го осуди нападот и рече дека и покрај негирањето на одговорност на талибанците, тие сепак носат дел од вината бидејќи доаѓа од „мрежа на терористи“.

    „Мој приоритет сега е да им помогнам на семејствата на жртвите во овој варварски напад“, напиша Гани на Твитер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира