ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ ДО 100 ЕВРА НА ПЛАТИТЕ, ПРИДОНЕСИТЕ ЌЕ ГИ ПЛАЌА ДРЖАВАТА

    ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ ДО 100 ЕВРА НА ПЛАТИТЕ, ПРИДОНЕСИТЕ ЌЕ ГИ ПЛАЌА ДРЖАВАТАСо мерката, сите работодавци што досега ги осигурувале вработените на помала сума, а остатокот им го давале во кеш, ако ги зголемат платите до 100 евра, на таа сума ќе плаќаат само персонален данок од 10%. (Фото: СДК.МК)

    Придонесите за пензиско и здравствено осигурување за зголемување на платите до 100 евра ќе паднат на товар на државниот буџет со мерката која треба да биде воведена со октомвриската плата, велат партиски извори од владејачката СДСМ.

    Со мерката, сите работодавци што досега ги осигурувале вработените на помала сума, а остатокот им го давале во кеш, ако ги зголемат платите до 100 евра, на таа сума ќе плаќаат само персонален данок од 10%. Мерката е предвидено да важи три години, а намерата на владејачката партија е да се поттикне зголемување на платите и пензиската основица и намалување на сивата економија.

    Во СДСМ веруваат дека ваквата мерка ќе им одговара и на работодавците. Со мерката се надеваат дека ќе успеат да го исполнат предизборното ветување за просечна плата од 30.000 денари, а остануваат и на ветувањата за минимална плата од 16.000 денари и 100.000 денари плата за лекарите специјалисти, со што би се запрел одливот на медицински кадар.

    Оттаму најавуваат и одредени промени на МојДДВ за поврат на поголеми средства на граѓаните од платениот данок и велат дека првичните резултати се добри, односно мерката дава резултати за сузбивање на сивата економија. Во првиот месец од воведување на мерката, зголемен е приходот од ДДВ во однос на истиот месец лани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира