Премиерот Зоран Заев пресмета дека СДСМ откако ќе го доврши овој, ќе владее уште два мандата. На денешната собраниска седница за избор на два нови министри, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и нивниот координатор Никола Мицевски побараа оставка од Заев поради аферата „Рекет“, но и за честите мини реконструкции на Владата што за нив значi дека премиерот или не знае да води Влада, или промашува кандидати.
Заев од собраниската говорница одговори:
„Мислам дека народот ќe ја задржи оваа власт малку подолго. По моја проценка, вие од ВМРО-ДПМНЕ министри и заменици ќе може да предлагате за едно 9 години и два месеца. Било супер што е жена и што била млада, ама не била за ресорот финансии. Дајте ве молам договорете се сами со себе што сакате“.
На денешната седница пратениците расправаат за избор на нови министри, Нина Ангеловска за министерка за финансии и Хисен Џемали за министер без ресор, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија.
С. К. ДЕЛЕВСКА