ТРИ МЕСЕЦИ ПО СМРТТА НА КОСТА КРПАЧ ИСТРАГАТА НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО УШТЕ ТРАЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    ТРИ МЕСЕЦИ ПО СМРТТА НА КОСТА КРПАЧ ИСТРАГАТА НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО УШТЕ ТРАЕ

    Точно три месеци поминаа од смртта на Коста Крпач, кој на 27 април беше пронајден мртов во својот стан во населбата Капиштец, со прострелна рана во градите. Скопското јавно обвинителство сè уште не ја завршило истрагата што треба да ги утврди причините и околностите за смртта на Крпач. Од Јавното обвинителство за „Мета“ велат дека се очекуваат резултатите од уште едно вештачење, но и податоци од други институции „кои во јавноста излегоа со тврдења дека поседуваат информации за случајот“. Од Обвинителството посочуваат на податоци од Специјалното јавно обвинителство, кои, според нив, иако ги побарале, не им биле доставени.

    Од Обвинителството не прецизираат дали е завршена предистражната постапка за случајот, иако поминаа три месеци од настанот, и наведуваат дека постапката за истражување на причните и на околностите за смртта на Крпач е во тек.

    „Во текот на предистражната постапка во предметот за починатото лице, беше утврдено дека станува збор за самоубиство. Притоа, Основното јавно обвинителство – Скопје продолжува и понатаму да работи на утврдување на причините и на околностите под кои настапила смртта на лицето К. К. Во таа насока, се очекуваат резултатите од уште едно вештачење, но и податоци од други институции кои во јавноста излегоа со тврдења дека поседуваат информации за случајот. Меѓу објавите, беше и соопштението дадено од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, во кое истакнува дека, цитираме: ’Воедно Ве известуваме дека ова јавно обвинителство поседува докази за многу релевантни околности, вклучително и за притисокот под кој се наоѓаше лицето Коста Крпач…’. Неопходно е да истакнеме дека од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите и по повторна ургенција не е доставен ниту еден доказ ниту, пак, било каква релевантна информација во таа насока“, одговори Обвинителството за тоа дали е завршена предистражната постапка за случајот, дали се добиени сите побарани податоци и вештачења и кога Јавното обвинителство ќе излезе со официјални информации во јавноста во врска со случајот.

    Од СЈО за „Мета“ велат дека не добиле ново барање од Основното јавно обвинителство и дека остануваат на ставот што го соопштија претходно, дека до Обвинителството се доставени податоци што можат да помогнат во расчистувањето на случајот, освен оние кои не се повразни со испитувањето на околностите за смртта на Крпач, а се дел од предистражна постапка што ја води СЈО.

    Коста Крпач беше едно од 56-те лица што се најдоа на списокот на помилувани од претседателот Ѓорге Иванов на 12 април годинава. Неговото тело беше најдено на 27 април, неколку часа откако тој пукал од својот балкон кон комби паркирано на околу 50 метри од неговата зграда.

    СЈО побара, но како што велат оттаму, сè уште не добиле одговор од претседателот Ѓорге Иванов од каде му се податоците од нивните тајни истраги и за лицата што се најдоа на списокот на помилувани, меѓу кои беше и Коста Крпач.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира