БИТОЛА БАШКА ДРЖАВА, НИКОЈ НЕ СЕЧЕ ЛЕНТА НА НОВИОТ ПАТ ЗА РЕСЕН

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БИТОЛА БАШКА ДРЖАВА, НИКОЈ НЕ СЕЧЕ ЛЕНТА НА НОВИОТ ПАТ ЗА РЕСЕН

    Без помпи и присуства на министери денес во употреба беше пуштена реконструираната делница од магистралниот пат од Битола за Ресен. Битолчани се изненадени зошто власта не организира свечено пуштање, а за само неколку километри асфалтиран пат во руралните општини доаѓаат високи претставници од владејачката гарнитура.

    Токму на овој пат пред два и пол месеци во присуство на битолскиот градоначалник Владимир Талески и министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, група битолчани организираа улична герила и ги посипаа со пари „владимирки“.

    Пуштањето во употреба на патот се случи во период кога првиот човек на Битола Талески е во куќен притвор како осомничен а случајот „Транспортер“, па во последно време Битола не е на агендата на министрите.

    Изјава за патот даде градоначалникот на Ресен, Ѓоко Стрезовски откако на прес конференција беше запрашан од новинарите до каде е реконструкцијата.  .  „Целосно е реконструирана делницата од ’Лукоил’ до сообраќајниот јазол кај Ротино, по која денес се движат возила кон Преспа и Охрид. Се преземаат подготвителни активности за почеток на градежно изведбените работи за реконструкција на друга делница од Германска чешма до Макази, во должина од шест-седум километри“, изјави Стрезовски.

    Запрашан дали за време на реконструкцијата ќе мора пак да се патува по стариот пат, рече дека според поставената сигнализација истовремено ќе се вршат работи на патот и ќе се пропуштаат возила. Реконструираниот дел кој од денес е во употреба иако со должина од 7 километри,  беше затворен за сообраќај во изминатите десет месеци, а битолчани маки мачеа патувајќи за Ресен и Охрид по стариот тесен пат полн дупки и крпеници.

    Министерот Мисајловски при последната посета на Битола изјави дека до крајот на годината ќе бидат реконструирани 27 километри, со што целосно ќе се обнови магистралниот пат Битола- Ресен-Буково.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира