ФРАНЦИЈА НА АЛБАНИЈА Ѝ ПУШТИ ХИМНА НА АНДОРА, ПА Ѝ СЕ ИЗВИНИ НА ЕРМЕНИЈА

    ФРАНЦИЈА НА АЛБАНИЈА Ѝ ПУШТИ ХИМНА НА АНДОРА, ПА Ѝ СЕ ИЗВИНИ НА ЕРМЕНИЈААлбанија не сакаше да игра додека не се пушти вистинската химна, па мечот беше одложен 10 минути (Фото: Гети)

    Селекторот на Франција Дидје Дешамп јавно се извини откако пред почетокот на квалификациската средба со Албанија беше пуштена погрешна химна за противникот.

    Играчите на Албанија зачудено гледаа додека на стадионот „Стад де Франс“ одеше химната на Андора, што предизвика десетминутно одложување на почетокот на средбата, бидејќи Албанците не сакаа да играат додека не се исправи грешката.

    Домаќините дополнително се посрамотија кога официјалниот спикер на стадионот им се извини на „фановите на Ерменија“, пред да сфати дека Франција игра со Албанија и се исправи.

    „Им се извинувам на сите во албанската репрезентација. Тоа е нешто што не би требало да се случува, но се случи. Ги разбирам Албанците и логично е што сакаа да ја слушнат својата химна пред почетокот на мечот“, изјави Дешамп.

    Откако за проблемот беа известени судиите, тие дозволија почетокот на мечот да биде одложен, за да се пушти вистинската химна.

    Светскиот првак не дозволи овој бизарен момент да го поремети и победи со 4:1.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира