ЕРДОГАН ЗАТВОРИ 3 НОВИНСКИ АГЕНЦИИ, 16 ТВ КАНАЛИ, 45 ВЕСНИЦИ И 15 МАГАЗИНИ

a:1:{s:13:"td_source_url";s:32:"Турција,(Би-Би-Си)

    ЕРДОГАН ЗАТВОРИ 3 НОВИНСКИ АГЕНЦИИ, 16 ТВ КАНАЛИ, 45 ВЕСНИЦИ И 15 МАГАЗИНИ

    Турските власти затворија дузина медиумски организации, додека продолжуваат репресалиите по неуспешниот пуч на 15 јули. Ќе бидат затворени три новински агенции, 16 ТВ канали, 45 весници и 15 магазини.

    Исто така, отпуштени се скоро 1.700 војници, меѓу кои и 149 генерали.

    Владата вели дека свештеникот Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, стои зад пучот што го изведе армијата, но тој го негира тоа тврдење. Најмалку 246 луѓе загинаа во пучот, над 2.000 беа повредени.

    Затварањето на медиумите и отпуштањето на војниците беше најавено во турскиот службен весник „Ресми газет“. Имињата на медиумските организации уште не се соопштени, а локалните медиуми велат дека повеќето се мали, провинциски, но погодени се и неколку дневни весници и агенции.

    Вчера, беа затворени уште 47 новинари, а неколку дена претходно уапсени беа 42. Овие на новата листа заворени се главно од весник „Заман“ кој веќе не излегува.

    Групата за човекови права Амнести интернешенал рече дека има веродостојни докази оти уапсените, особено војници, се измачувани, а и силувани.

    Минатата недела Турција објави 3-месечна вонредна состојба, со што му се дозволува на претседателот Ердоган и на владата да го заобиколат парламентот кога се носат нови закони за ограничување или суспендирање на правата и слободите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира