ПОЧИНА ВАСИЛ ПУЈОВСКИ, АВТОР НА КУЛТНИ ДЕТСКИ ТВ-СЕРИИ И МАКЕДОНСКИ ХИТОВИ

    ПОЧИНА ВАСИЛ ПУЈОВСКИ, АВТОР НА КУЛТНИ ДЕТСКИ ТВ-СЕРИИ И МАКЕДОНСКИ ХИТОВИПујовски е автор на голем број македонски хитови од „Макфест“ и „Златно славејче“, како „Кога те нема“ која ја пееше Хелена Благне и „Никола, Никола“ на Оливера Лазаревска

    Драмскиот писател и поет за деца и возрасни Васил Пујовски почина денес на 72 години.
    Пујовски е роден на 2 октомври 1946 во Д’мбени, Костурско, со потекло од Егејскиот дел на Македонија. Завршил Филозофски факултет во Скопје, а долги години работеше во Македонската телевизија. Од 1968 беше член на Друштвото на писатели на Македонија.

    Во неговото творештво се издвојуваат делата како: „Светот на детскиот сон“ (поезија за деца, 1967), „Пред божји суд“ (поезија, 1969), „Ајде да се дружиме“ (тв-серија за деца, 1985), „Кралот Кускуле први“ (драма, 1992, „Дајте музика“ (поезија за деца, 1994, „Прва лига“ (поезија за деца, 1995), „Ѕвездено дете“ (избор поезија, 1999) и „Ѕверка без мерка“ (поезија за деца, 2000).

    Пујовски е автор на голем број македонски хитови од „Макфест“ и „Златно славејче“, како „Кога те нема“ која ја пееше Хелена Благне и „Никола, Никола“ на Оливера Лазаревска.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира