Македонски планинар загина на планината Олимп во Грција откако паднал во провалија, најверојатно затоа што претходно му се слошило, јави државната агенција МИА.
На Олимп планинарела македонска група од околу девет лица, а на мажот или му се слошило или добил срцев удар по што паднал во провалија. Телото од провалијата најверојатно го извлекле планинарите кои биле заедно со него. Обдукцијата дополнително ќе ги утврди точните причини за смртта, јави дописничката на МИА од Атина.
14 пожарникари од специјалната спасувачка единица на противпожарната служба од Литохоро интервенирале во пренесувањето на телото од местото на несреќата во планинарскиот дом „Спилиос Агапитос“, што се наоѓа на надморска височина од 2.100 метри .