Американското министерство за правда поднесе граѓанска тужба против Едвард Сноуден со цел да се добие целата заработка од неговата нова книга која излезе вчера. Во тужбата е наведено дека не бараат да се сопре објавувањето или диструбуцијата на мемоарите, насловени „Перманент рекорд“ (Permanent Record.)
Сноуден во САД веќе се товари за издавање тајни документи на специјалните служби и му се закануваат до 30 години затвор. Тој е поранешен вработен во Националната безбедносна агенција на САД (НСА), а во книгата ја опишува неговата криза на совеста што довело до тоа да ги открие информациите,
„Нема да дозволиме поединци да се збогатат на сметка на државата, без да ги исполнат обврските во однос на договори за пред-објавување“, рече адвокатот Џоди Хант.
Триесет и шестгодишниот Сноуден денес живее во Русија, кадешто доби азил. Откако протекоа информациите од НСА, тој ги напушти САД и беше задржан на аеродромот во Москва. Неговата приказна веќе е опишана во неколку филмови и книги.