РУСИЈА ЈА ХАКИРАЛА КАМПАЊАТА НА ХИЛАРИ КЛИНТОН

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"САД,(Би-Би-Си)

    РУСИЈА ЈА ХАКИРАЛА КАМПАЊАТА НА ХИЛАРИ КЛИНТОН

    Претседателската кампања на Хилари Клинтон е хакирана како дел од поголем сајбернапад против институциите на Демократската партија, објавија американските медиуми. Овој напад следи по две пробивања на податоците во Демократскиот национален комитет (ДНЦ) и Демократскиот комитет за конгресна кампања (ДЦЦЦ).

    Американските власти веруват дека сајбернападите се извршени од агенти кои работат за владата на Русија. Се стравува дека Русија се обидува да влијае врз претседателските избори.

    Руската влада негира дека има врска со нападот, и ги одби обвинувањата како „отровна антируска реторика на Вашингтон“.

    Кампањата на Клинтон вчера рече дека програмата за анализа на податоци, која ја споделуваат со други делови, е пристапена од хакери, но нема докази дека настрадале внатрешните системи.

    ФБИ соопшти дека ги истражува обвинувањата и обемот на хакирањето.

    Хакираната е-пошта на ДНЦ беше објавена минатата недела, непосредно пред партиската конвенција на Демократите. Е-поштата покажа дека дел од партиското раководство имало предрасуди против Берни Сандерс и неговата предизборна трка против Клинтон. Поради хакирањето, претседателката на партијата Деби Васерман Шулц си даде оставка, а предизвика и протести на конвенцијата во Филаделфија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира