ГРАД СКОПЈЕ КУПИ 570 КОНТЕЈНЕРИ, 4 КАМИОНИ И 950 КОРПИ, ШИЛЕГОВ АПЕЛИРАШЕ ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ГИ УНИШТУВААТ

    ГРАД СКОПЈЕ КУПИ 570 КОНТЕЈНЕРИ, 4 КАМИОНИ И 950 КОРПИ, ШИЛЕГОВ АПЕЛИРАШЕ ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ГИ УНИШТУВААТКонтејнери се речиси со 3 пати поголем капацитет од досегашните, опремени се со механизам за автоматско затворање на капакот, педала за ножно отворање, рачка за отворање.(Фото: К.Попов)

    Град Скопје купи 570 контејнери, 4 камиони за собирање ѓубре и 950 корпи за џебен отпад. Од денска улиците и тротоарите ќе се чистат со нови 12 електрични машини за вакуумско чистење и 10 возила за чистење и миење. Новата опрема денеска беше промовира и од утре ќе биде распределена низ градот, со што како што кажа градоначалникот Петре Шилегов ќе се зголеми хигиената.

    „Од денес започнуваме целосно да го менуваме ликот на нашиот град. Чекор по чекор во Скопје ќе престанеме да гледаме незатворени и преполни контејнери со отпад, кои околу себе шират непријатна миризба и остават впечаток на нечист град. Станува збор за технолошки најсовремени машини коишто се на електричен погон и воопшто нема да го загадуваат воздухот во нашиот град“, кажа Шилегов.

    Улиците и тротоарите ќе се чистат со нови 12 електрични машини за вакуумско чистење и 10 возила за чистење и миење. (Фото: К.Попов)

    Купени се 540 нови контејнери со капацитет од 3.200 литри со кои ќе бидат заменети над 1.800 од вкупно 4.500 досегашни стари контејнери, како и 30 контејнери за селектирање на отпад од 2.200 литри. Контејнери се речиси со 3 пати поголем капацитет од досегашните, опремени се со механизам за автоматско затворање на капакот, педала за ножно отворање, рачка за отворање. Со оглед на тоа, што станува збор за сосема нов систем, набавени се и 4 нови комунални возила кои ќе го собираат ѓубрето од новите контејнери. Возила се опремени со технолошки најсовремен систем за странично собирање на отпадот и со нив празнењето на контејнерите го врши шоферот од самото возило, а тоа значително ќе го забрза но и поевтини процесот на собирање комунален отпад.

    Корпите за отпад се направени од еластичен материјал и дополнително се заштитени од непрописно полнење со кеси со комунален отпад и се креирани на начин, да не овозможат растурање на ѓубрето од животни.

    Градоначалникот Шилегов ги повика граѓаните да не ги уништуваат новите контејнери и корпи за ѓубре, правилно да го одлагаат отпадот и најави засилени инспекциски контроли и казни.

    „Започнуваме процес коишто зависи од сите нас Во овој процес треба да учествуваме сите заедно, и ние како институции, ама и граѓаните како луѓе што го сакаат својот град, чист и убав. Градот Скопје нема да престане со инвестирање во технички и човечки ресурси за одржување на хигиената, ќе продолжиме со кампања за правилно постапување со отпадот, но и ќе го засилиме инспекцискиот надзор што ќе значи повеќе казни за несовесните граѓани“, рече Шилегов.

    Набавката на новата опрема чини 1,5 милиони евра.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира