ТРОЈЦА НАУЧНИЦИ КОИ ОТКРИЈА НОВИ СОЗНАНИЈА ЗА КИСЛОРОДОТ ДОБИЈА НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МЕДИЦИНА

    ТРОЈЦА НАУЧНИЦИ КОИ ОТКРИЈА НОВИ СОЗНАНИЈА ЗА КИСЛОРОДОТ ДОБИЈА НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МЕДИЦИНАГрег Семенца, сер Питер Ретклиф и Вилијам Келин ќе поделат награда од 918.000 долари (Фото: АП)

    Тројца научници кои имаат откриено како клетките ги чувствуваат и се приспособуваат на промените на нивото на кислород ја добија годинашната Нобелова награда за медицина и физиологија.

    Наградата од девет милиони шведски круни (918 илјади долари) ќе ја поделат Американците Вилијам Келин и Грег Семенца и Британецот сер Питер Ретклиф.

    Нивното откритие се одразува на секојдневниот живот на човекот, од вежбањето преку престојот на големи надморски височини до раниот развој во матката. Тоа исто така доведе до нови третмани на анемија, па дури и рак.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира