Премиерот Зоран Заев при денешниот престој во фабриката „Маркарт“ близу Велес кажа дека забелешките на Венециската комисија за Законот за јазици се само драфт верзија, не и конечна. Во следниот период, Комисијата ќе ги собира реакциите од надлежните, по што ќе излезе со конечна верзија.
„Тие сакаат да ги видат коментарите на нивната предлог-верзија, за потоа да го изнајдат најдоброто решение. Рековме дека ќе ја почитуваме нивната забелешка, кога ќе го дадат конечното мислење. Можеме да дадеме објаснувања колку е важно правото на јазик, правото на правда, за на крај тие да го оформат своето мислење“, кажа Заев.
За изјавата на Артан Груби од ДУИ дека „цената на мирот, еднаквоста и на меѓуетничките односи е неспоредлива со цената на имплементацијата на Законот“, тој рече дека „политичарите знаат да лупаат глупости“.
„Човечко право е да се употребува јазик, тој е средство за разбирање, да го направиме животот да биде полесен. Оттука доаѓа потребата од Законот за јазици. Тоа е уставно право на граѓаните. Законот живее, ништо не се сменило во земјава“, додаде Заев.
И вицепремиерот Бујар Османи денеска рече дека Извештајот од Венецијанската комисија не е готов и затоа не можам ништо да коментира.
„Ова сега е работна верзија. Јас сум видел работна верзија која вели дека двојазичноста е добро, нека излезе извештајот па да видиме дали одговара на Рамковниот договор Законот за јазиците“, рече Османи на настанот на Антикорупциска комисија.
Заев ѝ порача на опозицијата дека предвремени парламентарни избори ќе има вгодина во октомври, 45 дена пред редовниот термин, со цел земјава да ги искористи благодатите од приемот во НАТО и од добивањето на датум за преговори со ЕУ.
На забелешките дека ја сменија сината со црвената боја, бојата на опозицијата, тој објасни дека црвената била европска боја на социјалдемократите.
П. ПЕЧКОВ