ТРОЈЦА ОБВИНЕТИ ЗА „РЕКЕТ“, ОД КАМЧЕВ ЈАНЕВА ЗЕЛА 50.000 ЕВРА, А БОКИ 13 МИЛИОН И ПОЛ ЕВРА ЕВРА ШТО ГИ ТРОШЕЛ ЗА ЛУКСУЗНИ АЛИШТА И ОДМОРИ

    ТРОЈЦА ОБВИНЕТИ ЗА „РЕКЕТ“, ОД КАМЧЕВ ЈАНЕВА ЗЕЛА 50.000 ЕВРА, А БОКИ 13 МИЛИОН И ПОЛ ЕВРА ЕВРА ШТО ГИ ТРОШЕЛ ЗА ЛУКСУЗНИ АЛИШТА И ОДМОРИЈанева прибавила имотна корист во значителен износ и тоа во предмети – мебел во износ од 296.040,00 денари и пари во износ од 50.000 евра, а за противзаконито влијание другите двајца обвинети примиле награда од 1.500.000 евра, се вели во обвинението против Јанева, Боки 13 и Кичеец што денеска во до Основниот кривичен суд поднесе обвинителката Вилма Русковска. (Фото: СДК.МК)

     

    Обвинителката Вилма Русковска од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција,  денеска до Основниот кривичен суд поднесе Обвинителен акт против Бојан Јовановски-Боки 13, поранешната Специјална обвинителка Катица Јанева и Зоран Милески-Кичеец за случајот „Рекет“. Две од обвинетите лица се теретат дека сториле кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“, a на првообвинетиот Боки 13 му се става на товар и кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело“. Јанева е второобвинета и се терети дека сторило кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“.

    Јанева прибавила имотна корист во значителен износ и тоа во предмети – мебел во износ од 296.040,00 денари и пари во износ од 50.000 евра, а за противзаконито влијание другите двајца обвинети примиле награда од 1.500.000 евра.

    Русковска побара и продолжување на притворот за сите тројца осомничени.

    Како што соопшти Обвинителството, првообвинетиот во периодот од месец ноември минатата година  до месец април годинава, искористувајќи го своето претпоставено влијание врз второобвинетото лице – јавен обвинител, влијаел да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши. Тој, искористувајќи ги претходно воспоставените пријателски односи влијаел врз второобвинетата, при спроведувањето на истражна постапка во предметот со работен наслов „Империја“, да ја олесни положбата на сведокот кој во предметот е еден од осомничените и на кого по предлог на јавниот обвинител му било определена мерка притвор. Третообвинетиот битно придонел за извршувањето на кривичното дело со договарање на континуирани средби на првообвинетиот со сопругата на сведокот, а подоцна и со сведокот, притоа уверувајќи ги во неговото влијание врз јавниот обвинител.

    „Второобвинетата го прифатила влијанието на првообвинетиот и како службено лице – јавен обвинител, ја искористила својата службена положба и овластување и ги пречекорила границите на своето овластување. Откако првообвинетиот заедно со третообвинетиот ги добил договорените 500.000 евра од сопругата на сведокот и покрај тоа што постоеле неизменети околности врз кои била определена и продолжена мерката притвор, второобвинетата до Апелациониот суд – Скопје доставила предлог за определување на поблага мерка – куќен притвор, кој предлог бил прифатен од страна на судот. Воедно, согласно договорот, по исплатата на првите 1.000.000 евра, второобвинетата доставила писмена согласност до судот одземената патна исправа привремено да му биде вратена на сведокот“, соопшти Обвинителството.

    Со преземените службени дејствија второобвинетата ја искористила и ја пречекорила својата службена положба и овластување и за себе прибавила имотна корист во значителен износ и тоа во предмети – мебел во износ од 296.040,00 денари и пари во износ од 50.000 евра, а за противзаконито влијание другите двајца обвинети примиле награда од 1.500.000 евра. Првообвинетиот иако невработен, со блокирани трансакциски сметки и без приход, на почетокот на оваа година купувал за себе луксузен мебел, облека и обувки и престојувал во луксузни летувалишта – ресорти надвор од нашата земја што упатува дека ги пуштил во оптек паричните средства што ги прибавил со кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“, се вели во соопштението од Обвинителствпото.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира