СТОТИЦИ СТРАНЦИ ПОВРЗАНИ СО ИСЛАМСКА ДРЖАВА ИЗБЕГАЛЕ ОД КАМП ВО СИРИЈА, ТУРЦИЈА ПЛАНИРА ШИРЕЊЕ НА ОФАНЗИВАТА

    СТОТИЦИ СТРАНЦИ ПОВРЗАНИ СО ИСЛАМСКА ДРЖАВА ИЗБЕГАЛЕ ОД КАМП ВО СИРИЈА, ТУРЦИЈА ПЛАНИРА ШИРЕЊЕ НА ОФАНЗИВАТАЗаробениците избегале од кампот во Аин Иса откако се разшестиле борбите во близина (Фото: АП)

    Стотици странци поврзани со Исламска држава избегале од камп во северна Сирија среде засилувањето на турската офанзива, објавија курдски официјални лица. Тие кажаа дека заробениците ја пробиле капијата во кампот во Аин Иса откако се разшестиле борбите во близина.

    Турција ја почна офанзивата во средата со цел да ги избрка курдските милиции подалеку од својата граница и според Обединети нации, оттогаш над 130.000 луѓе ги напуштиле своите домови во таа област.

    Извори од терен велат дека стотина луѓе избегале, додека курдските власти кажаа дека станува збор за речиси 800 роднини на странски борци на Исламска држава. Во кампот во Аин Иса се сместени околу 12.000 раселени лица, вклучувајќи илјада жени и деца поврзани со џихадистите.

    „Во кампот веќе нема странски жени, а странски маскирани луѓе на мотоцикли се движат низ него“, објави организацијата „Сејв д чилдрен“.

    Ова уследи набргу откако Сириските демократски сили објавија дека чувањето на заробените припадници на Исламска држава веќе не е приоритет. Тие чуваат 12.000 заробеници во седум кампови, од кои 4.000 се странци. Точните локации не се познати.

    „Ситуацијата забрзано се влошува. Американските сили кои се во Сирија веќе не патуваат по копно бидејќи постои висок ризик од судир со локалните сили поддржани од Турција. Дознавме дека Турција планира да ги прошири своите напади и јужно и западно“, изјави неименуван американски функционер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира