ЈАНЕВА И БОКИ 13 ОСТАНУВААТ ВО ПРИТВОР, СУДОТ ГИ ОДБИ НИВНИТЕ ЖАЛБИ

    ЈАНЕВА И БОКИ 13 ОСТАНУВААТ ВО ПРИТВОР, СУДОТ ГИ ОДБИ НИВНИТЕ ЖАЛБИОсновниот кривичен суд смета дека барањата на Јовановски и Јанева за укинување на мерката притвор се неосновани. (Фото: К.Попов)

    Бојан Јовановски-Боки 13 и поранешната Специјална обвинителка Катица Јанева остануваат во притвор, како обвинети во случајот „Рекет“. Основниот кривичен суд ги одби барањата на адвокатите на Јовановски и Јанева за укинување на мерката притвор.

    „Предлогот на обвинетата К. Ј. за укинување на мерката притвор со прифаќање на гаранција или определување на мерки на претпазливост се одбива како неосновано. Како неосновано се одбива и предлогот на обвинетиот Б. Ј. за укинување на мерката притвор определена со решение на судија на претходна постапка, а продолжена со решенија на кривичен совет, и замена со поблаги мерки за претпазливост“, се вели во соопштението на Кривичниот суд.

    Против овие решенија Јанева и Јовановски имаат право на жалба во рок од 3 дена до Апелациониот суд.

    Боки 13 е во притвор од 15 јули, додека Јанева беше притворена на 21 август.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира