100 НЕРЕГУЛИРАНИ ДЕПОНИИ ИМА ВО ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

    100 НЕРЕГУЛИРАНИ ДЕПОНИИ ИМА ВО ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОНСе подготвува проект за изградба на регионална постројка за смет во Пелагонија (Фото: СДК.МК)

    Во Пелагонискиот регион има 100 нерегулирани депонии кои имаат големи и тешки влијанија врз животната средина, вели Христос Цомпанидис, член на конзорциумот кој го подготвува проектот за изградба на регионална постројка за смет во Пелагонија.

    „Во Пелагонискиот регион има 100 нерегулирани депонии кои ја загадуваат животната средина. Новиот систем се планира да ги спречи тие големи и тешки влијанија, зашто тука станува збор за систем на депонија која е во согласност со барањата на ЕУ. Системот ќе се состои од собирање на различни типови отпад во посебни контејнери и камиони, потоа третман, компостирање и добивање на гас, а целиот проект ќе чини 30 милиони евра“, рече Цомпанидис.

    Централната постројка каде ќе се врши компостирање на зелениот отпад, анаеробна дигастија и искористување на гасот ќе биде во Новаци во близина на РЕК. Трансферни станици за смет ќе има во Ресен и Крушево (Фото: СДК.МК

    Според градоначалникот на Новаци Лазар Котевски, централната постројка каде ќе се врши компостирање на зелениот отпад, анаеробна дигастија и искористување на гасот ќе биде во Новаци во близина на РЕК. Трансферни станици за смет ќе има во Ресен и Крушево.

    „Системот ќе се состои од собирање на различни типови отпад во посебни контејнери и камиони, потоа третман, компостирање и добивање на гас, а целиот проект ќе чини 30 милиони евра“,, вели Христос Цомпанидис, член на конзорциумот кој го подготвува проектот за изградба на регионална постројка за смет во Пелагонија (Фото: СДК.МК)

    „Ова е последна фаза од проектната документација. Студијата треба да добие позитивно решение од Министерството за животна средина. Во моментов се работи на дизјан на постројката и трансфер станиците. До крајот на годината ќе бидат подготвени сите плански документи за да може веднаш да почне да се имплементира“, рече Ана Каранфилова Мазневска, раководител на Секторот за управување со отпад во Министерството за животна средина.

    Дел од документацијата е изработена со средства од ИПА фондовите, а за постројката ќе се наоѓаат дополнителни  средства.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира