100 ОЏАЦИ ВО СКОПЈЕ БЕСПЛАТНО ЌЕ ГИ ЧИСТАТ КАНДИДАТИТЕ ЗА ОЏАЧАРИ

    100 ОЏАЦИ ВО СКОПЈЕ БЕСПЛАТНО ЌЕ ГИ ЧИСТАТ КАНДИДАТИТЕ ЗА ОЏАЧАРИГраѓаните кои сакаат да им бидат исчистени оџаците треба да се пријават на телефонскиот број 3297255. - Од обуката на кандидатите за оџачари (Фото: СДК.МК)

    На 100 домаќинства бесплатно ќе им се чистат оџаците во домовите од кандидатите за оџачари на обуката што ја спроведува Град Скопје.

    Граѓаните кои сакаат да им бидат исчистени оџаците треба да се пријават на телефонскиот број 3297-255. Пријавувањето е секој работен ден од 9 до 16 часот.

    „Чистењето на оџаците е дел од практичната настава на кандидатите кои во средното училиште ‘Здравко Цветковски‘ ја посетуваат обуката. Предвидено е да се исчистат оџаци на првите 100 граѓани кои ќе се пријават. Од есен откако ќе заврши обуката Град Скопје ќе им додели основни материјали за отворање сопствен бизнис, а чистењето ќе биде субвенционирано, со цел што повеќе домаќинства да ангажираат лиценцирани оџачари за чистење на нивните оџаци, што ќе доведе до намалување на загадувањето“, велат од Град Скопје.

    На огласот на Град Скопје за обука на оџачари се пријавија 10 кандидати иако се бараат 25. Тие веќе еден месец следат теоретската настава. Часовите на кандидатите за оџачари ги држат две професорки од средното училиште „Здравко Цветковски“, Лида Трајковска градежен инженер и Јасмина Атанасова Симјаноска, која е првата жена кај нас која има диплома за оџачарка добиена во Загреб.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира