25 НОВОЗАБОЛЕНИ И ЕДЕН ПОЧИНАТ ВО ЛИПКОВО, ЕДЕН НОВ ВО КУМАНОВО, ВО ЛИПКОВСКИТЕ СЕЛА ПРИФАЌААТ ТЕСТИРАЊЕ

    25 НОВОЗАБОЛЕНИ И ЕДЕН ПОЧИНАТ ВО ЛИПКОВО, ЕДЕН НОВ ВО КУМАНОВО, ВО ЛИПКОВСКИТЕ СЕЛА ПРИФАЌААТ ТЕСТИРАЊЕДиректорот на кумановскиот Центар за јавно здравје Ариф Љатифи вели дека повеќето жители на липковските села веќе не одбегнуваат да се тестираат како порано, бидејќи ја увиделе сериозноста на болеста. (Фото: СДК.МК)

    Според последните податоци на Центарот за јавно здравје во Куманово, во изминатите 24 часа регистрирани се 26 новозаразени и еден починат од коронавирус во Кумановско-Липковскиот Регион. Од нив, 25 се од Липково и еден од Куманово. Починатиот е маж на 52-годишна возраст од село Никуштак, кој се лекувал на Инфективната клиника и потекнувал од семејство каде што има повеќе заболени од КОВИД-19.

    „Станува збор за 26 заболени и тоа од селата Слупчане – 16, Липково -6, тројца од Матејче и еден од Куманово“, вели Ариф Љатифи, директор на Центарот за јавно здравје во Куманово.

    Вчера се направени 70 тестирања. Денеска продолжува масовното тестирање во Липковскиот Регион, а по закажан термин од матичен лекар и контролните тестови се прават во Центарот во Куманово.

    Директорот Љатифи вели дека повеќето жители на липковските села веќе не одбегнуваат да се тестираат како порано, бидејќи ја увиделе сериозноста на болеста.

    „Во справувањето на кризата се вклучи МВР, Општината, здравствените работници, верските заедници, директорите на училиштата и сите релевантни чинители, за да се спречи ситуацијата да излезе од контрола. Состојбата е алармантна, бидејќи Липково како една мала рурална општина има повеќе заболени и починати од пола Источна Македонија“, вели Љатифи.

    Во Липково досега се регистрирани 156 заболени, 92 се активни, а 6 починати.

    Липково е општина во која по последниот попис имало 27.000 жители, но поради масовното иселување на жителите во Куманово и во западноевропските земји, се проценува дека има помеѓу 20 и 25 илјади жители.

    С. НИКОЛИЌ 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира