3.000 ЕВРА КАЗНА ЗА „ЕКОЦЕНТАР 97“ ЗА ИЗЛЕВАЊЕТО НА ОПАСНИ ХЕМИКАЛИИ ВО ОХИС

    3.000 ЕВРА КАЗНА ЗА „ЕКОЦЕНТАР 97“ ЗА ИЗЛЕВАЊЕТО НА ОПАСНИ ХЕМИКАЛИИ ВО ОХИСКазната е изречена според член 24 од Законот со управување со отпад заради невнимание при процесот на пакување на хемикалиите. - Заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули на увид во ОХИС по излевањето на опасните хемикалии (Фото: Фејсбук)

    Државниот инспекторат за животна средина ја казни фирмата „Екоцентар 97“ со 3.000 евра за случајот со излевање на течност со хемикалии во кругот на фабриката ОХИС.

    „Казната е изречена според член 24 од Законот со управување со отпад заради невнимание при процесот на пакување на хемикалиите. Резултатите кои ги добивме од АРМ покажуваат дека немало загадување на почвата и животната средина, а и според првичните резултатите на лабораторијата од Штипскиот универзитет покажуваат дека немало штетни емисии во воздухот. Официјалните резултати од Штипскиот универзитет треба да ги добиеме во текот на денешниот ден“, велат од Државниот инспекторат за животна средина.

    На 8 ноември во танквана се излеа течност при миење на цистерни преку кои се вршело препакување на хемикалии.

    Постапката за чистење на хемикалиите во кругот на ОХИС го врши фирмата „Екоцентар 97“, што треба да го извезе отпадот во Швајцарија, каде ќе се врши негово уништување.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира