30 КАЗНИ ПИШАНИ ВИКЕНДОВ ЗА ПАРКИРАЊЕ НА ПАТОТ И ВО ЗЕЛЕНИЛО НА ВОДНО

    30 КАЗНИ ПИШАНИ ВИКЕНДОВ ЗА ПАРКИРАЊЕ НА ПАТОТ И ВО ЗЕЛЕНИЛО НА ВОДНОНа Средно Водно дозволено е паркирање само на големиот паркинг, каде цената за првиот час е 100 денари, а секој нареден 50 денари.(Фото: Фејсбук)

    Инспекторите од Град Скопје викендов пишале 30 казни за непрописно паркирање на Водно. Казнети со 50 евра се граѓани кои возилата ги паркирале во зеленило или на патот кој води кон Средно Водно.

    Откако минатиот викенд граѓани на социјалните мрежи споделуваа фотографии од паркирани возила долж патот кој води кон Водно, во петокот од Град Скопје известија дека ќе има засилена контрола и инспекторите ќе пишуваат казни на сите оние кои нема да го почитуваат режимот кој беше воведен пред две години.

    За да се заштити планината Водно од загадување и за да се овозможи непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците и на велосипедистите, Градот Скопје воведе две нови бесплатни автобуски линии до Водно. На Средно Водно дозволено е паркирање само на големиот паркинг, каде цената за првиот час е 100 денари, а секој нареден 50 денари.

    А. АНТЕВСКА

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира