40 ГРАЃАНИ ДНЕВНО СЕ ПАРКИРААТ НА НАЈСКАПИОТ ПАРКИНГ ВО СКОПЈЕ ОД 250 ДЕНАРИ ЗА ЧАС

    40 ГРАЃАНИ ДНЕВНО СЕ ПАРКИРААТ НА НАЈСКАПИОТ ПАРКИНГ ВО СКОПЈЕ ОД 250 ДЕНАРИ ЗА ЧАСПред зголемување на цената дневно на паркингот влегувале 300 возила, кои не се на станари.(Фото: ПОЦ)

    По 40 граѓани дневно се паркираат на најскапиот паркинг во Скопје, кој чини 250 денари за еден час, меѓу зградите спроти Соборниот храм.

    ЈП „Паркинзи Општина Центар“ (ПОЦ) во август ја зголеми цената за паркирање на овој паркинг од 50 на 250 денари бидејќи тој беше блокиран со возила на граѓани, па станарите немаа каде да паркираат. Пред зголемување на цената дневно на паркингот влегувале 300 возила, кои не се на станари. Сега откако паркирање е 250 денари, дневно се паркираат по 40 коли.

    „На овој паркинг сѐ уште немаме доволно паркинг места за станари. Општина Центар и Град Скопје ги ослободија од возила тротоарите долж улицата Даме Груев, каде исто така се паркираа станари и сега нормално тие возила се префрлени на паркингот. Таму има 450 паркинг места, а имаме издадено 700 картички за станари. Простор да се прави монтажен паркинг нема. Со Општината правиме проект преку реконструкција на просторот и на тротоарите да обезбедиме нови паркинг места“, вели директорот на ЈП „Паркинзи Општина Центар“ Васко Кичевски.

    Општина Центар од 8 јануари ја покачи цената за паркирање на сите зонски паркиралишта на нивната територија за 20 денари, со цел да ги дестимулира граѓаните да користат автомобил.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари