5 ТОНИ ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ОД ДЕЛЧЕВО ПРИСТИГНА ВО УКРАИНА И СЕ РАСПРЕДЕЛУВА ВО ЗБРАТИМЕНИТЕ ГРАДОВИ

    5 ТОНИ ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ОД ДЕЛЧЕВО ПРИСТИГНА ВО УКРАИНА И СЕ РАСПРЕДЕЛУВА ВО ЗБРАТИМЕНИТЕ ГРАДОВИКамионот со ознаките за хуманитарна помош од Македонија за Украина пристигна во Тернопил и Црвениот крст ја распределува на настраданото население.  (Фото: Општина Делчево)

    Хуманитарната помош што две недели ја собираа граѓаните, фирмите и институциите во Општина Делчево по 3 дена пристигна на крајната дестинација во збратимениот град Тернопил во западна Украина.

    „Пет тони хуманитарна помош веќе е преземена од Црвениот крст на градот Тернопил во Украина и деновиве ќе биде распределена според потребите на тамошните жители“, соопшти Даниела Такева, одговорна за односи со јавноста во Општина Делчево.

    Градоначалникот Горан Трајковски минатата недела изјави  дека граѓаните на овој град покажале висока свест, голема хуманост и солидарност со Тернопил во истоимената област во Украина каде се наоѓа и збратимениот град Виозгород со коj соработуваат уште од 2011.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира