62-ГОДИШНА ОХРИЃАНКА ДЕСЕТ ДЕНА ЖИВЕЕЛА НА УЛИЦА, ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ ИСТРАЖУВА ДАЛИ СИНОТ ЈА ИЗБРКАЛ ОД ДОМА

    62-ГОДИШНА ОХРИЃАНКА ДЕСЕТ ДЕНА ЖИВЕЕЛА НА УЛИЦА, ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ ИСТРАЖУВА ДАЛИ СИНОТ ЈА ИЗБРКАЛ ОД ДОМАЖената вчера беше најдена во запуштена градба кај автокампот „Андов Дуков“ во Охрид, прегладнета и смрзната опколена со десеттина кучиња скитници. (Фото: Фејсбук)

    62-годишна жена од Охрид десет дена поминала на улица откако, според првични сознанија на полицијата, нејзиниот син кој е со психички пореметувања најверојатно ја избркал од дома. Жената вчера беше најдена во запуштена градба кај автокампот „Андов Дуков“ во Охрид, прегладнета и смрзната опколена со десеттина кучиња скитници. Веднаш била повикана Брзата помош и по прегледот сместена е во привремен дом од Центарот за социјални работи. За среќа, била со добра општа здравствена состојба.

    Жената живеела со синот во населбата Рача, а има ќерка мажена во село Оровник. Жителите на Рача велат дека била пристојна и мирна и со никого немала конфликти. Била скромна и повлечена и ретко излегувала од дома.

    Потресната слика со апел за помош на својот фејсбук профил ја објави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, кој по пријава на граѓанин бил на лице место каде беспомошната жена седела на прекривка и имала само едно ќебе за покривање. (Фото: Фејсбук)

    Синот не бил во домот кога полицијата го побарала за да направи информативен разговор за причините поради кои неговата мајка се нашла на улица. Ќе се бараат одговори и од нејзиниот брат, кој работи како месар, дали бил запознаен со односите во семејството и дали имале чести конфликти дома.

    Од синоќа, жената која е пензионерка е сместена во Домот кој се користи за жртви од семејно насилство, но колку долго ќе остане таму засега нема одговор. Од Центарот за социјални работи велат дека имала свои приходи, земала пензија и помош за туѓа нега. Социјалните служби во текот на денов разговараат со неа, по што ќе се знае дали семејна кавга е причина за бркањето од дома.

    Потресната слика со апел за помош на својот фејсбук профил ја објави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, кој по пријава на граѓанин бил на лице место каде беспомошната жена седела на прекривка и имала само едно ќебе за покривање.

    „Кога појдов на лице место, жената беше опколена со кучиња и беше во шок од страв и студ, се тресеше и беше многу лошо. Не можеше да одговара, само кажа како се вика. Повикав Брза помош, а случајот го пријавив во полиција и во Центарот за социјални работи и за кратко време сите дојдоа“, ни рече Димоски во телефонскиот разговор.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира