АВТОБУСИТЕ НА ЈСП „СКОПЈЕ“ ОД ДЕНЕС ЌЕ ВОЗАТ ДО 20 ЧАСОТ

    АВТОБУСИТЕ НА ЈСП „СКОПЈЕ“ ОД ДЕНЕС ЌЕ ВОЗАТ ДО 20 ЧАСОТАвтобусите на ЈСП сè уште возат со редуциран возен ред поради намалениот број патници. (Фото: К. Попов)

    Автобусите на ЈСП „Скопје“ од денеска ќе возат до 20 часот по одлуката на Владата за зголемување на полицискиот час, кој од денеска ќе трае од 20 до 5 часот. Од претпријатието велат дека билетарниците и центрите за персонализација ќе работат до 18.30 часот. И натаму не важи бесплатниот превоз за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела, а времено укинати се и трите автобуски линии (25, 25А и 25Б) што сообраќаат до Средно Водно, туристичката линија „Сити тур“, а не работи ниту жичницата.

    Автобусите на ЈСП сè уште возат со редуциран возен ред поради намалениот број патници. Градоначалникот Петре Шилегов вели дека автобусите се полни согласно препораките на Комисијата за заразни болести односно до 75 проценти од капацитетот.

    „Онаму каде што мислиме дека има потреба го зголемуваме бројот на автобуси. Сè уште превезуваме за 60 отсто помалку патници за разлика од периодот пред пандемијата“, вели Шилегов.

    Поради пандемијата лани претпријатието имаше загуба над 4 милиони евра.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира