АВТОБУСИТЕ ПОЛНИ СО ПЕНЗИОНЕРИ, ШИЛЕГОВ ВЕЛИ ЌЕ ГИ СЛЕДИ ПРЕПОРАКИТЕ НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ДАЛИ ПАК ДА СЕ УКИНЕ БЕСПЛАТНИОТ ПРЕВОЗ

    АВТОБУСИТЕ ПОЛНИ СО ПЕНЗИОНЕРИ, ШИЛЕГОВ ВЕЛИ ЌЕ ГИ СЛЕДИ ПРЕПОРАКИТЕ НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ДАЛИ ПАК ДА СЕ УКИНЕ БЕСПЛАТНИОТ ПРЕВОЗОд претпријатието во средата кога ја објавија одлуката за враќање на бесплатниот превоз рекоа дека задолжително треба да се носи маска и апелираа граѓаните без потреба да не се возат со јавниот превоз.(Фото: К.Попов)

    Автобусите од јавниот превоз во Скопје денеска беа полни со патници откако ЈСП „Скопје“ го врати бесплатниот автобуски превоз за пензионери во вторник, петок, сабота и недела. Бесплатниот превоз за оваа категорија на граѓани беше укинат на 11 март како дел од мерките на Владата за спречување на ширење на КОВИД-19.

    Во земјава расте бројот на новодијагностицирани пациенти со коронавирус, а повозрасните лица се најризичната категорија граѓани. Со повторното воведување на бесплатниот превоз се остава простор за ширење на вирусот, со оглед на тоа дека во автобусите не се одржува препорачаната дистанца од 2 метри, а дел од патниците не носат ниту маски.

    Од претпријатието во средата кога ја објавија одлуката за враќање на бесплатниот превоз рекоа дека задолжително треба да се носи маска и апелираа граѓаните без потреба да не се возат со јавниот превоз.

    Градоначалникот Петре Шилегов вели дека во однос на повторно укинување на бесплатниот јавен превоз ќе се постапува според препораките на Комисијата за заразни болести.

    „Уставниот суд за поништи одлуката за ограничување на движењето на возрасните лица и од тогаш имаме ваква слика во јавниот превоз, ќе бидеме во контакт со Комисијата за заразни болести за понатамошни мерки кои ќе се преземат. Бројките на нови случаи за жал растат од две причини. Се создаде атмосфера дека вирусот е поминат и второ поради несреќните изјави на министерот за внатрешни работи и непостапувањето на полицијата. Ме загрижуваат сликите кои што ги видов вчера од отворените кафеани. Непочитувањето на протоколите ќе нè врати назад. Апелирам граѓаните да се придржуваат до мерките, не постои лекар што може да ве заштити од заразата, ако вие сами не се чувате од заразата“, рече Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира