АВТОБУСИТЕ ВО СКОПЈЕ ОД ДЕНЕС ВОЗАТ ПРЕКУ ЦЕЛ ДЕН СО САБОТЕН ВОЗЕН РЕД

    АВТОБУСИТЕ ВО СКОПЈЕ ОД ДЕНЕС ВОЗАТ ПРЕКУ ЦЕЛ ДЕН СО САБОТЕН ВОЗЕН РЕДАвтобуси ќе има цел ден. односно од 5 часот до полноќ, а ќе сообраќаат до саботен возен ред. (Фото: К. Попов)

    Од денеска, автобусите на ЈСП „Скопје“ и на приватните превозни ќе возат цел ден, односно од 5 часот до полноќ. Јавниот превоз се враќа на вообичаеното функционирање откако вчера Владата донесе одлука за укинување на полицискиот час како мерка за заштита од коронавирусот.

    „Автобусите ќе сообраќаат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 часот кои ќе возат по редуциран делничен возен ред“, велат од ЈСП „Скопје“.

    Укинати уште се трите автобуски линии до Средно Водно 25, 25А и 25Б, туристичката линија „Сити тур“, а не работи и жичницата.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира