АВТОБУСИТЕ ВО СКОПЈЕ УТРЕ ЌЕ ВОЗАТ ОД 5 ДО 9 И ОД 13 ДО 19 ЧАСОТ

    АВТОБУСИТЕ ВО СКОПЈЕ УТРЕ ЌЕ ВОЗАТ ОД 5 ДО 9 И ОД 13 ДО 19 ЧАСОТСпоред мерките кои денеска ги донесе Владата, сите кои користат јавен превоз задолжително треба да носат заштитна маска, марама или шал. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Од утре автобусите на ЈСП „Скопје“ и на приватните превозници ќе возат во две смени, односно од 5 до 9 часот и од 13 до 19 часот. Новиот возен ред е донесен откако денеска Владата одлучи да се намали времетраењето на полицискиот час и дозволено е движење до 19 часот во работните денови.

    Автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред.

    „Од сабота  од 15 часот до понеделник до 5 часот, јавниот превоз нема да функционира. За деталите за режимот на јавен превоз во сабота ќе информираме во текот на утрешниот ден“, велат од ЈСП „Скопје“.

    Од 7.30 до 17 часот ќе работат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел, билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај дирекцијата на ЈСП „Скопје“. Отворени од 7.30 до 17 часот ќе бидат центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар.

    Според мерките кои денеска ги донесе Владата, сите кои користат јавен превоз задолжително треба да носат заштитна маска, марама или шал.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира