БАДНИКАРИ ЌЕ НАСТРАДАЛЕ ОТКАКО СЕ УРНАЛА ЗАШТИТНАТА ОГРАДА ОД ГРАДИЛИШТЕТО ДО ЗГРАДАТА „ПРОМАЈА“ ВО ШТИП

    БАДНИКАРИ ЌЕ НАСТРАДАЛЕ ОТКАКО СЕ УРНАЛА ЗАШТИТНАТА ОГРАДА ОД ГРАДИЛИШТЕТО ДО ЗГРАДАТА „ПРОМАЈА“ ВО ШТИПСтанарите стравуваат дека на градилиштето ќе нигде зграда, а не гаражи како што им се кажува. (Фото: СДК.МК)

    Коледари и бадникари ќе настрадале откако пред нив паднала заштитната оргада на градилиштето кај познатата штипска зграда „Промаја“. Децата некако успеале да ја избегнат острата лимена ограда, но еден повозрасен минувач бил поткачен за палтото. Станарите и минувачите кои биле во непосредна близина притрчале да помогнат, но за среќа никој не бил повреден.

    Заштитната ограда паднала од силниот ветер кој на оваа локација дува од сите страни, па не случајно овој станбен објект уште по изградбата пред половина век го добил називот зграда „ Промаја“.

    Во ноември лани, кога во непосредна близина почнаа да се ископуваат цели грамади до самите темели на зградата со изговор дека ќе се градат шест обични гаражи, станарите веднаш реагираа дека со тоа се поткопуваат темелите на зградата, а новиот објект во изградба е дивоградба.

    За оваа изградба стотина станари неколку пати протестираа, бидејќи немаат простор за паркирање пред зградата и рекреативен простор за децата. Сметаат дека проблемот со паркирањето воопшто нема да го решат само шест обични гаражи. Станарите се сомневаат дека нема да се градат гаражи туку зграда.

    Граѓаните и денеска побараа уште една средба со градоначалникот на Штип Иван Јорданов со цел да се стопира оваа наводна легална градба и да се изврши некаква пренамена. Од општинските комунални, урбанистички и надзорни служби бараат најмалку еднаш во неделата да се проверува што всушност таму градат изведувачот и градителот.

    На протестот на 27 номеври лани, дојде и градоначалникот на Штип Иван Јорданов, кој ги сослуша станарите и им вети дека ќе работи на решавање на нивниот проблем.

    „Општината времено ќе ја стопира изградбата, а во меѓувреме ја разгледуваме можноста за укинување на градежната дозвола и раскинување на договорот што го има со инвеститорот кој не ги почитувал роковите за почетокот на градба и завршување на објектот. Тоа требало да се случи пред четири години за што не биле плаќани пенали, па и тие рокови инвеститорот не ги почитувал. Има правен основ Општината да реагира во корист на станарите“, им рече Јорданов.

    Со ископување земја на само 5 метри до познатата зграда „Промаја“, во опасност се темелите и целата статична стабилност на овој најстар станбен објект во Штип кој се изгради пред точно половина век и е култен станбен објект подигнат во Горно Маало, видлив од сите страни на влезот во градот. Под подвозната основа минува и една од главните сообраќајници во Штип, а позната е по местоположбата каде постојано дува ветер па штипјани популарно ја викаат „Промаја“.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира