БЕБЕТО ОСТАВЕНО НОЌЕСКА ПРЕД ДОМОТ ЗА ДОЕНЧИЊА НЕ БИЛО РОДЕНО ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА

    БЕБЕТО ОСТАВЕНО НОЌЕСКА ПРЕД ДОМОТ ЗА ДОЕНЧИЊА НЕ БИЛО РОДЕНО ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦАБебето на возраст од околу една недела било оставено пред влезот на Домот за доенчиња во Битола, а синоќа околу 23,45 часот го пронашол битолчанец и пријавил во полиција (Фото: СДК.МК)

    Женското бебе кое синоќа било оставено пред влезот на битолскиот Дом за доенчиња не било родено во битолската болница, потврдија од Центарот за социјални работи од Битола. МВР веќе соопшти дека бебето на возраст од околу една недела било оставено пред влезот на Домот за доенчиња во Битола, а синоќа околу 23,45 часот го пронашол битолчанецот З. Б. (50) и случајот го пријавил во полиција.

    По пријавата, полицијата заедно со надлежни лица од Центарот за социјални работи бебето го однеле на Одделението за неонатологија во битолската Болница.

    „Таму беше утврдено дека се работи за пресно породување и според нараквицата на раката утврдено е дека бебето не било родено во битолската болница“, рече Томе Цветковски, директор на Центарот за социјални работи во Битола.

    Пред да се најде бебето, поголема група луѓе биле собрани пред Домот и тропале по вратата. Вработените повикале полиција и кога таа дошла надвор имало само еден маж кој рекол дека го пронашол бебето пред влезот на  Домот.

    Бебето е згрижено во Домот за доенчиња, а истрагата продолжува.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари