БЕЈЛИ ПО ВМРО-ДПМНЕ ВО ОХРИД ГО ПОСЕТИ И СДСМ, ОДБИ ДА ДАВА ПОЛИТИЧКИ ИЗЈАВИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:43:"Охрид,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БЕЈЛИ ПО ВМРО-ДПМНЕ ВО ОХРИД ГО ПОСЕТИ И СДСМ, ОДБИ ДА ДАВА ПОЛИТИЧКИ ИЗЈАВИ

    Амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли денеска изненади со посета на седиштата на партиите во Охрид. Откако беше во Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ тој отиде и во општинскиот разгранок на СДСМ во Охрид.

    Партиската тура ја направи откако пред тоа го промовираше завршувањето на обновата на црквата Света Богородица Перивлепта, за која даночните обврзници на САД платија 650.000 долари.

    Амбасадорот Бејли и од двете партиски седишта замина без да коментира што разговарал со домаќините.

    “Веруваме и очекуваме по подолго време во Македонија конечно да бидат организирани и спроведени регуларни, кредибилни и демократски избори, кои реално ќе ја покажат  волјата на граѓаните. Со оглед на фактот што овојпат гарантори за кредибилни избори се меѓународната заедница, опозицијата и граѓанскиот сектор, убедени сме дека изборните манипулации и изборниот инженеринг од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат оневозможени“, изјави претседателот на охридскиот разгранок на СДСМ Томислав Тунтев.

    Амбасадорот Бејли не сакаше да одговара на политички прашања ни во комплексот на црквата „Света Богородица Перивлепта“, каде го придружуваше министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска која од минатиот четврток е осомничена во еден од случаите на Специјалното обвинителство и цела недела чека повик за распит во Основниот суд Скопје 1.

    „Немам ново што да изјавам. По сите актуелни политички прашања останувам на ставот што го изнесов изминатите денови“, рече Бејли.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира