БЕСНИОТ РОТВАЈЛЕР ОД СКОПЈЕ КОЈ КАСНА 9 ЛИЦА ЗАМИНУВА ЗА ИТАЛИЈА

    БЕСНИОТ РОТВАЈЛЕР ОД СКОПЈЕ КОЈ КАСНА 9 ЛИЦА ЗАМИНУВА ЗА ИТАЛИЈАПрофесионалниот дресер Ристе Гиевски со опасниот ротвајлер во неговото прифатилиште за кучиња скитници (Фото: П.Печков)

    Кучето кое пред неколку месеци искаса девет жители на Скопје наскоро ќе замине за Италија. Ротвајлерот кој нападна пет деца од населба Аеродром и четири  жени од општина Гази Баба ги има сите потребни документи за да ја напушти Македонија. Тој за овие четири месеци бил социјализран во прифатилишето „Гиовски тим“, близуВелес и тренерот тврди дека не е повеќе опасност по околината.

    Кучето беше заловено од шинтерската служба на Град Скопје и однесено во стационарот Вардариште. Но, потоа било примено на припитомување во Велес.

    „За кратко време ќе замине за Италија.  Правевме напори да се вдоми тука, во Македонија, но не можеше, па е договорено да замине за Италија. Не знам дали во  пансион или  кај некое лице – не ми е познато. Кучето е социјализрано и не е опасност по околината“, рече Ристе Гиевски професионален тренер на кучиња во АРМ и сопственик на пансион за кучиња скитници, во близина на Велес.

    Гиевски од 1989 од кога работи како професионален дресер, изгледал 5-6.000 кучиња.

    П.ПЕЧКОВ 

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира