БЕЗ ДА СЕ ПРЕРАБОТИ МЕДИЦИНСКИ ОТПАД СЕ НОСЕЛ НА ДЕПОНИЈАТА „ДРИСЛА“, ШИЛЕГОВ СЛУЧАЈОТ ГО ПРИЈАВИЛ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО

    БЕЗ ДА СЕ ПРЕРАБОТИ МЕДИЦИНСКИ ОТПАД СЕ НОСЕЛ НА ДЕПОНИЈАТА „ДРИСЛА“, ШИЛЕГОВ СЛУЧАЈОТ ГО ПРИЈАВИЛ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТОНа снимките и фотографиите кои ги направиле од инспектори од Град Скопје во погонот за преработка на медицински отпад се гледа дека тој не се преработува. Шприцеви, игли, крвави гази и друг медицински отпад е во контакт со кучиња скитници, потоа се префрла во камион за транспорт.(Фото: Град Скопје)

    Необработен медицински отпад се депонирал на депонијата Дрисла. Фирма која е регистрирана во Битола, без термички да го обработи и стерилизира во погонот во Металски Завод Тито, со камиони го транспортирала во депонијата „Дрисла“. Неофицијално, станува збор за фирмата „Еко клуб“, која има добиено А интегрирана дозвола и надлежен за контрола на нејзиното работење е Државниот инспекторат за животна средина

    Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска на прес-конференција кажа дека овој случај го откриле пред 50 дена, го пријавиле во Јавното обвинителство, но до сега не е постапено.

    „Преку 50 дена Град Скопје чека била какво дејствие од Јавното обвинителство, но засега немаме информации дали нешто е преземено и започната истрага. Напротив, се случува да се покрива со документација на друга надлежна институција. Барам Јавното обвинителство да започне со истрага, а Министерството за животна средина во целост да го испита работењето на сите субјекти кои се под негова надлежност и што имаат дозволи за работа со медицински отпад“, рече градоначалникот Петре Шилегов.

    На снимките и фотографиите кои ги направиле инспектори од Град Скопје во погонот за преработка на медицински отпад се гледа дека тој не се преработува. Шприцеви, игли, крвави гази и друг медицински отпад е во контакт со кучиња скитници, потоа се префрла во камион за транспорт, незаштитен во посебни ќеси како што е постапката за депонирање на ваков вид отпад. Притоа од камионот се цеди крв.

    „Откако ние ја преземавме депонијата ‘Дрисла’ од 20 јануари годинава, несоодветно обработен и доставен медицински отпад не е донесен. Како било постапувано пред тоа немам податоци, тоа треба да го покаже истрагата“, вели Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира