БИ ГИ УКИНАЛ ЦЕНТРАЛНИТЕ ИНСПЕКЦИИ, ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА Е КАТАСТРОФАЛЕН, ВЕЛИ ШИЛЕГОВ

    БИ ГИ УКИНАЛ ЦЕНТРАЛНИТЕ ИНСПЕКЦИИ, ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА Е КАТАСТРОФАЛЕН, ВЕЛИ ШИЛЕГОВШилегов смета дека државните инспекции се нефункционални и не си ја вршат работата за која земаат плата. (Фото: СДк.МК)

    Градоначалникот Петре Шилегов смета дека централните инспекции целосно треба да се укинат и да не постојат. На дебатата „Како до ефикасни и независни инспекциски служби во Скопје“, Шилегов кажа дека државните инспекции се нефункционални и не си ја вршат работата за која земаат плата.

    „Може да постои државен орган којшто ќе врши контрола на инспекторирањето на општинските инспекции. Различни ни се приоритетите како органи. Недавањето моќ на градоначалниците или оставањето можност за институционален пинг-понг е причина поради која се наоѓаме во ваква состојба на терен. На пример, јас сакам да спроведам акција на Бит пазар и за тоа треба да се молам со Пазарна инспекција да испрати инспектори. Еве да го отвориме предизвикот, да ги укинеме државните инспекции. Имаме најкатастрофален Државен инспекторат за животна средина, со многу субјективни слабости. Па, Градскиот инспекторат излегува да мери ниво на загаденост на реки, па Градски инспекторат фаќа криминал со медицински отпад“, рече Шилегов.

    Додека во Скопје се формира комунална полиција, идеја која што Шилегов ја најавува од почетокот на мандатот, Градот и скопските општини ќе имаат заеднички инспекции, со што поефикасно ќе се постапува и во иднина нема да има случаи како дивите платформи на Матка и дивоградбата кај „Мавровка“. Тој смета дека инспекторите не треба да бидат поделени според области односно инспектор за животна средина или инспектор за градежништво.

    „Или си инспектор за сите области или не си. Така ќе супституираме многу од луѓето кои ни фалат, на пример, имаме инспектор за животна средина, ама немаме градежен. Што ни фали истиот човек да може да ја обавува инспекциската работа. Многу скоро ќе го направиме унифицирањето на инспекциските служби во Општините од територијата на Град Скопје, а ќе инсистирам до крај за носење на закон за комунална полиција“, рече Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира