БИТОЛЧАНИ ДЕНЕСКА ТЕРААТ ЗАДУШНИЦА НА ГРОБИШТА, НО БЕЗ МЕТЕЖ

    БИТОЛЧАНИ ДЕНЕСКА ТЕРААТ ЗАДУШНИЦА НА ГРОБИШТА, НО БЕЗ МЕТЕЖБитолчани место утре, денес ги посетија гробиштата, положија цвеќе и запалија свеќа, но, претежно сите беа со маски на лицата и не се создаваше метеж како друг пат за Задушница. (Фото: СДК.МК)

    Голем дел од битолчани денеска отидоа на гробишта и да ги опеат мртвите, откако вчера Владата донесе забрана за посета на гробишта од вечерва во 21 часот до понеделник во 5 часот.

    Иако битолчани до лани практикуваа да опеваат за мртвите на Мртов петок и Задушница, годинава овој црковен обред се изведува уште од четврток. Денес во поголемите битолски храмови се одржуваат вакви служби дури до попладневните часови.

    Битолчани место утре, денес ги посетија гробиштата, положија цвеќе и запалија свеќа. Но, претежно сите беа со маски на лицата и не се создаваше метеж како друг пат за Задушница.

    Бидејќи, утре е забранета посета на гробиштата, нема да има редици од автомобили пред црквите каде има и гробни места. Претходните години, поради големата раздвиженост редовно интервенираше полицијата за да создаде ред.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира