БИТОЛЧАНКА ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ЛЕЖЕЛА ПИЈАНА НА УЛИЦА, А БИТОЛЧАНЕЦ ВОЗЕЛ БЕЗ ТАБЛИЧКИ, КАЗНЕТИ СО ПО 2.000 ЕВРА

    БИТОЛЧАНКА ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ЛЕЖЕЛА ПИЈАНА НА УЛИЦА, А БИТОЛЧАНЕЦ ВОЗЕЛ БЕЗ ТАБЛИЧКИ, КАЗНЕТИ СО ПО 2.000 ЕВРАНа обајцата обвинети Основниот суд Битола ќе им изрече парична казна од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност. (Фото: СДК.МК)

    33-годишна битолчанка е обвинета дека не постапила според прописите за време на полицискиот час и во алкохолизирана состојба лежела на улица Прилепска во Битола, соопштија од Основното јавно обвинителство. Таа била затекната од  полициските контроли половина час по полноќ.

    Против неа и против уште еден битолчанец Обвинителство од Битола поднесе предлози за издавање казнени налози за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Другото обвинето лице е 18- годишен жител на Битола, кој во 1,25 часот со патничко возило „рено 19“ без регистарски таблици се движел по улица 8 Септември.

    На секого од двајцата обвинети Основниот суд Битола ќе им изрече парична казна од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира