БИТОЛСКИ ПЛАНИНАРИ ПРВОТО ИЗГРЕЈСОНЦЕ ВО НОВАТА ГОДИНА ГО ДОЧЕКАА НА ПЕЛИСТЕР

    БИТОЛСКИ ПЛАНИНАРИ ПРВОТО ИЗГРЕЈСОНЦЕ ВО НОВАТА ГОДИНА ГО ДОЧЕКАА НА ПЕЛИСТЕРПланинарите од клубот „Пелистер“ кон врвот да се искачуваат тргнаа во еден часот по полноќ во екстремно тешки услови. (Фото: „Пелистер“)

    Осма година по ред, традиционално членови од Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“, големи вљубеници во планината, првото изгрејсонце во Новата година го дочекаа на врвот Пелистер. Кон врвот да се искачуваат тргнаа во еден часот по полноќ.

    „Повторно како и секоја година традиционално, осма година по ред, и овој пат во екстремни услови успеавме да се искачеме на врвот Пелистер под водство на Влатко Крбалески и таму да го дочекаме првото изгрејсонце во Новата година“, велат планинарите.

    Во екипата, освен Влатко Крбалески беа и планинарите Иванчо Тошевски, Елена Давитковска, Менде Давитковски и Саше Најдовски.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари