БИТОЛСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ ГАСАТ ПОЖАРИ СО ГОЛИ РАЦЕ ОТИ ОПШТИНАТА НЕ ГИ ФЕРМА

    БИТОЛСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ ГАСАТ ПОЖАРИ СО ГОЛИ РАЦЕ ОТИ ОПШТИНАТА НЕ ГИ ФЕРМАПожарникарите се пожалија дека опрема за заштита и спасување на граѓани немаат добиено 15 години (Фото: СДК.МК)

    Битолските пожарникари се пожалија дека работат во катастрофални услови, со застарена опрема за заштита, а велат и дека општината очигледно кренала раце од нив, на денешното одбележување на 181-годишнината од формирањето на Противпожарната единица во Битола, која е најстара на Балканот.

    Гражата каде ги чуваат возилата уште се загрева на печка на дрва (Фото: СДК.МК)

    „Условите се катастрофални, најблаго речено. Хигиената е на нула, немаме ни чистачка,  гаражата е целата ископана, заштитна опрема нова немаме, таа е застарена да речам со поминат рок, но ја користиме на терен. Тоа значи опасност. Нова заштитна опрема не сме добиле пет –шест години. Немаме униформи, летна опрема, чевли немаме, зимска опрема, треба општината да ги обезебеди. Техничката опрема треба да се атестира, а јас не се сеќавам од кога не е атестирана, а се качуваме на високи места“, се пожали Коле Митровски, претседател на синдикатот на пожарникари во Битола.

    Пожарникарите уште се пожалија дека опрема за заштита и спасување на граѓани немаат добиено 15 години, а гуми за возилата добиле зимата по случајот кога едно од возилата за зализга и удри во куќа и ја демолира. Се жалат дека гражата каде ги чуваат возилата уште се загрева на печка на дрва, а просториите каде престојуваат пожарникарите се со дотраена дограма и мебел.

    Во моменто има 37 пожарникари, што е половина од потребниот кадар за единица која штити територија од 1.470 квадратни метри (Фото: СДК.МК)

    „Општината треба да нѐ обезбеди со опрема. Општината очигледно има кренато раце или ѝ е скапо или не знам што е работата, соработка со нив немаме никаква“, рече Митровски.

    Командирот на Територијалната противпожарна единица Костадин Поповски  вели дека секоја години испраќаат барање до Советот и Комисијата за јавни набавки при Oпштина Битола, но на повидок нема купување на нова опрема.

    „При интервенции на повеќекатниците, сѐ што е над четири ката е проблем, не само кај нас, туку секаде во Македонија. За да совладаме височина од шести до седми кат имаме само една механичка скала и уште една хидраулична скала- платформа, која за жал не е во функција. Некоја посовремена софистицирана опрема во тој дел немаме. И доколку дојде до таква ситуација, навистина ќе биде проблем“, вели Поповски.

    Тој додаде дека во моментот имаат 37 пожарникари, што е половина од потребниот кадар за единица која штити територија од 1.470 квадратни метри. Стигнуваат да интервенираат на сите потребни места благодарение на нивното исуство, професионализам и пожртвуваност.

    Од Службата за односи со јавност во Општината денес беа недостапни за да одговорот на обвинувањата.

     Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира