БИТОЛСКИТЕ УЧЕНИЦИ ДОБИЈА ДОМАШНА УЧИЛНИЦА СО НАД 450 ОНЛАЈН СОДРЖИНИ

    БИТОЛСКИТЕ УЧЕНИЦИ ДОБИЈА ДОМАШНА УЧИЛНИЦА СО НАД 450 ОНЛАЈН СОДРЖИНИПлатформата за онлајн учење е креирана по иницијатива на градоначалничката на Битола Наташа Петровска, во соработка со директори и наставници од битолските средни и основни училишта.

    Околку 13.000 ученици, наставници и професори секојдневно ја следат таканаречената Домашна училница со наставни содржини на Интернет. Платформата за онлајн учење е креирана по иницијатива на градоначалничката на Битола Наташа Петровска, во соработка со директори и наставници од битолските средни и основни училишта.

    Домашна училница во услови на вонредна состојба поради коронавирусот континуирано се надградува и се прават напори да е што подостапна и корисна за учениците.

    За четири дена, платформата доби над 450 содржини од наставници и пофесори од 18 училишта на територијата на Општина Битола, централни и подрачни. Десетици наставници од Битола подготвија презентации преку компјутерски програми, со видео и фото анимации, квизови за наставните содржини кои учениците ги пропуштија поради принудниот распуст. Во дел од нив, учениците се повикуваат своите одговори, прашања и мислења да им ги испраќаат на наставниците. Дел од наставниците веќе воспоставија и други електронски форми на поврзување со своите ученици, со што им се овозможува активност на учениците.

    „Преку општинската веб страна и платформата Домашна училница, секој ученик може да има пристап до објавената наставна единица, а понатамошната соработка продолжува зависно од можностите и на наставниците и на учениците“, велат од Општина Битола.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира