БОГДАНОВИЌ ГИ ПОВИКУВА ГРАЃАНИТЕ ЗАЕДНО ДА ПРАВАТ КУЌАРКИ ЗА БЕЗДОМНИ КУЧИЊА

    БОГДАНОВИЌ ГИ ПОВИКУВА ГРАЃАНИТЕ ЗАЕДНО ДА ПРАВАТ КУЌАРКИ ЗА БЕЗДОМНИ КУЧИЊАКуќарките за згрижување на кучињата, ќе има само пред оние локали во Скопје, чии сопственици ќе дозволат и ќе се пријават дека ја поддржуваат оваа акција на Општината. - Глутница кучиња во центарот на Скопје (Фото:М. Златевска)

    Општина Центар ќе прави куќарки за бездомни кучиња и ќе ги поставува пред кафулиња. Куќарките за згрижување на кучињата, ќе се поставуваат само пред оние локали во Скопје, чии сопственици ќе дозволат и ќе се пријават дека ја поддржуваат оваа акција на Општината.

    „Oпштина Центар и ЈП Паркинзи Општина Центар почнуваат нова граѓанска хуманитарна акција за заштита на бездомните животни кои во изминативе неколку дена беа изложени на масовно труење во Скопје. Од денес во просториите на ЈП Паркинзи на Општина Центар од 14 до 19 часот ќе се изработуваат привремени засолништа за бездомните животни со цел да им се помогне да ја преживеат зимата, но и да се заштитат од несовесните граѓани. Засега имаме голем интерес, многу граѓани се јавија не само да помогаат во изработката, туку и да донираат куќарки и ќебиња за бездомни кучиња“, вели Емилија Попоска, дел од одговорните за спроведување на акцијата.

    Материјалите за изработка на куќарките се обезбедени од Општина Центар.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира