Во Велес изминатото деноноќие се регистрирани пет нови заразени со КОВИД-19, додека вчера имаше еден случај. Од Центарот за јавно здравје од Велес велат дека четворицата од денешните пет новозаразени водат кластер од Скопје оти таму работат.
„Двајца од денес позитивните се лица кои припаѓаат на кластерот на голема фабрика во Скопје каде секојдневно патуваат повеќе велешани, а други двајца се на друг кластер исто така од Скопје што допрва ќе се истражува“, кажаа од Центарот за јавно здравје во Велес.
Денес има четворица оздравени, а вчера двајца, чии два последователни тестови на земените брисеви покажале дека се негативни.
На Инфективното одделение од Велешката болница има 22 пациенти, од нив 20 се позитивни на коронавирус, а двајца се со симптоми и треба да им се земат брисеви.
П. ПЕЧКОВ