ЧЛЕНОВИ НА ИЗБИРАЧКАТА КОМИСИЈА ЗАОКРУЖИЛЕ КАНДИДАТ СПРОТИВНО НА ВОЛЈАТА НА ГЛАСАЧОТ

    ЧЛЕНОВИ НА ИЗБИРАЧКАТА КОМИСИЈА ЗАОКРУЖИЛЕ КАНДИДАТ СПРОТИВНО НА ВОЛЈАТА НА ГЛАСАЧОТ(Фото: Ѓ. Личовски)

    Вчера, во полициското одделение во гостиварскот село Галате било пријавена злоупотреба на избирачкото право од членови на изборна комисија. Како што соопшти порпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, во село Галате во семејната куќа на Ј. Ш. дошле двајца членови на Општинската изборна комисија на Општина Врапчиште да спроведат гласање на болно и немоќно лице за вториот круг на локалните избори.

    Членовите на изборната комисија на лицето Ѓ. Ш. ѝ зеле отисок од прстот во Регистарот на гласачи и наместо да ѝ дозволат на Ѓ. Ш. сама да гласа, едниот од нив заокружил реден број на еден од кандидатите за градоначалник спротивно на волјата на гласачот. На ова реагирала снаата на Ѓ. Ш. и побарала од членовите на Изборната комисија на Ѓ. Ш. да ѝ дадат друг лист за гласање за нејзината свекрва да може сама да си го оствари правото на глас.

    Но наспроти барањето, од комисијата не ѝ дале друго гласачко ливче туку рекле дека ова ќе го направат неважечк,  по што го ставиле во плик и си заминале и покрај тоа што од Ј. Ш. им било речено дека ќе бидат пријавени во полиција.

    Ј. Ш. исто така посочила дека за време на целиот настан во собата каде се одвивало гласањето била и нејзината ќерка, која пак изјавила дека ништо не видела од тоа што се случувало.

    Полицијата работи на расчистување на случајот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира