ДА ИМА ПОМАЛКУ БЛАГО ВО ХРАНАТА НА ДЕЦАТА ВО ГРАДИНКИТЕ, АПЕЛИРА Д-Р ПЕТРОВА ОД ВЕЛЕШКИОТ ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ

    ДА ИМА ПОМАЛКУ БЛАГО ВО ХРАНАТА НА ДЕЦАТА ВО ГРАДИНКИТЕ, АПЕЛИРА Д-Р ПЕТРОВА ОД ВЕЛЕШКИОТ ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕСпоред оброците,  децата кои одат во градинка таму добиваат 75 отсто од вкупните дневни потреби на биолошка вредност на храната.. Фото: СДК.МК)

    Храната која ја јадат децата во градинките, во ОУ „Блаже Конески“ и средношколскиот интернат „Лазар Лазаревски“ во Велес одговара на пропишаните препораки, велат стручните лица од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ). Но, потребно е да се скрати благото кое е на менито. Според оброците,  децата кои одат во градинка таму добиваат 75 отсто од вкупните дневни потреби на биолошка вредност на храната.

    „Просечните енергетски вредности одговараат во однос на возрасниот норматив од 4 до 6 години, просечна содржина на макронутреини – белковини, масти, јаглен хидрати одговараат на препораките, од минералите недостига бакар и цинк. Во однос на продуктите кои им се даваат на децата со храната има избалансирана исхрана. Советувано е да добиваат повеќе интегрални теста, да се одбегнува белото брашно. И да се дава храна која е корисна, а не што децата сакаат. Конкретно, да се дава што помалку благо. Ако се подготвуваат пудинзи, сутлијаши да биде со малку шеќер“, кажа д-р Снежана Петрова, специјалистка за исхрана.

    Неодамна стоматологот д-р Анита Солева, која со колешките ги врши систематските прегледи на забите кај децата за упис во прво одделение, кажа дека тие имаата лош квалитет на забите.

    „Состојбата на забите од децата од претшколска возраст е лоша. Потребно е да се променат лошите навики кај децата, да се намали јадењето чоколада“, д-р Солева.

    Слична е состојбата и со храната која ја добиваат учениците од средношколскиот интернат „Лазар Лазаревски“, каде на менито има благо.

    „Недостигаат минералите бакар и цинк. Треба да се употребуваат интегрални житарици ди а се избегнуваат благите десерти“, рече д-р Петрова.

    Во храната во ОУ „Блаже Конески“ нема доволно витамини Б1, Б12  и минерали.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира