ДЕЛ ОД 19-ТЕ РЕСЕНЧАНИ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 БИЛЕ НА СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА, КАЖА ФИЛИПЧЕ

    ДЕЛ ОД 19-ТЕ РЕСЕНЧАНИ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 БИЛЕ НА СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА, КАЖА ФИЛИПЧЕПосле 19 дијагностицирани во Ресен, од кои првите случаи потекнуваат повторно од семејна прослава, заседаваше локалниот Кризен штаб и е донесена одлука заедно со компаниите во кои се вработени близу 600 луѓе во следните десетина до 14 дена тие да не одат на работа, со цел да се елиминира можноста од бројни контакти и да се спречи ширењето на вирусот“, рече министерот за здравство Венко Филипче. (Фото: СДК.МК)

    Првите заболени ресенчани биле на семејна прослава, откри министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција. Во Ресен до пред неколку дена немаше ни еден заболен, а деновиве вкупната бројка се искачи на 19.

    „После 19 дијагностицирани, од кои првите случаи потекнуваат повторно од семејна прослава, заседаваше локалниот Кризен штаб и е донесена одлука заедно со компаниите во кои се вработени близу 600 луѓе во следните десетина до 14 дена тие да не одат на работа, со цел да се елиминира можноста од бројни контакти и да се спречи ширењето на вирусот“, рече Филипче.

    Тоа се најголемите индустриски капацитети во Преспа „Свислајон-Агроплод“ , „Хатекс“ и „Стењетекс“ кои ги затвораат погоните со што максимално ќе се намалат контактите, групирањето и движењето на луѓето.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира