ДЕСЕТИНА ВОЗИЛА ОД БИТОЛА БИЛЕ КАМЕНУВАНИ И ИМ СЕ ИСТУРАЛА ТЕЧНОСТ ДОДЕКА МИНУВАЛЕ НИЗ ОБИКОЛНИЦАТА

    ДЕСЕТИНА ВОЗИЛА ОД БИТОЛА БИЛЕ КАМЕНУВАНИ И ИМ СЕ ИСТУРАЛА ТЕЧНОСТ ДОДЕКА МИНУВАЛЕ НИЗ ОБИКОЛНИЦАТАОд СВР Битола потврдуваат дека досега имаат пријави дека седум возила биле оштетени додека возеле на обиколницата над Битола во близина на тунелот. (Фото: СДК.МК)

    Десетина автомобили се оштетени од каменување и истурање течност врз нив во последните три дена додека возеле на обиколницата над Битола. Од СВР Битола потврдуваат дека досега имаат пријави оти седум возила биле оштетени додека возеле на обиколницата во близина на тунелот, од лица кои фрлале со камења по возилата. Кај колите оштетени се ветробранското стакло, предната и задната хауба.

    Според пријавите на граѓаните, каменувањето се случило околу 23 часот.

    „Ова му се счучи на мој близок роднина, можете да замислите додека возите со 80 километри на час да удри камен во предното стакло од возилото. Среќа што останаа живи. Прво не знаеа што се случува, а кога возачот излезе надвор да види што е работата, лицата што фрлаа камења побегнаа“, вели Никола Стојановски од Битола.

    Уште четворица други битолчани во полиција пријавиле дека пред два дена во периодот од 18 до 21 часот  им била истурена непозната течност врз покривот и предната хауба на нивните возила во Битола. Дел од возилата биле во населбата Стрелиште.

    Од полиција велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

    На обиколницата минатата година беше поставена заштитна ограда за да се подобри безбедноста на возачите, а и на ромското население кои живее во неурбанизирана населба од двете страни на овој магистрален пат. Претходно, се фрлаше и палеше смет на коловозот од обиколницата како револт кога жителите од околната населба ќе останеа без струја.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира