ДЕТЕ ИСПРАТИ ИГРАЧКА НА ПРОТЕСТОТ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ КАЈ РЕК ВО ПОМЕН НА ТЕТКА ПОЧИНАТА ОД РАК

a:2:{s:16:"td_post_template";s:18:"single_template_EU";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДЕТЕ ИСПРАТИ ИГРАЧКА НА ПРОТЕСТОТ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ КАЈ РЕК ВО ПОМЕН НА ТЕТКА ПОЧИНАТА ОД РАК

    Покрај белите дробови  денес на протестите за чист водух во Битола беше поставена и играчка автомобил од детенце кое ја изгубило тетка му која била болна од  рак. Организаторите на протестот изјавија дека заедно со загадувањето расте и бројот на битолчани заболени и починати од рак.

    „Детенцето својата тетка ја изгубило токму од оваа опака болест која надвиснала над Битола. Тоа детенце се откажало од оваа играчка неколку часа сметајќи дека дава придонес на оваа блокада . Тоа треба да биде порака за сите оние кои седат дома во своите удобни фотелји и гледаат на ова како на натпревар и авантура, наместо да го изразат својот револт“, изјави Дуле Груевски од „За нас се работи“.

    Од РЕК „Битола“ протестите за чист воздух со блокада на патот кон комбинатот ги нарекоа опасна авантура, а битолчаните кои протестираат им одговорија дека ова не е авантура, туку борба за живот. Денес протестите беа помасовни, а битолчани повторно го блокираа патот кон РЕК и излезот кон Прилеп.

    „Ако животот е авантура, тогаш нека биде и опасна авантура. Кога се работи за живот, јас не го подразбирам ова за авантура. Ова е барање за живот. Разбираме дека РЕК  е стратешки објект и нашите барање не се упатени кон нив туку кон надлежните. Блокадата за РЕК е за да ги освестиме и граѓаните и надлежните да преземат мерки за почист воздух“, изјави Илија Балтовски од здружението „За нас се работи“.

    Додека едни протестираа за воздухот, на други битолчани не им сметаше згаденоста, па мирно си пазаруваа на панаѓурот со стока од Шутка, кој беше поставен спроти блокадите (Фото: СДК.МК)

    Додека едни протестираа за воздухот, на други битолчани не им сметаше згаденоста, па мирно си пазаруваа на панаѓурот со стока од Шутка, кој беше поставен спроти блокадите (Фото: СДК.МК)

    Битолчани со блокадите бараат од локалните власти режим на сообраќајот во центрот на градот, а од централната власт  субвенционирање на електричната енергија за Битола.  Ако не им се исполнат барањата најавија и целодневна блокада на РЕК. Од РЕК „Битола“ се огласија со соопштение во кое велат дека блокадата на јавниот пат што води до комбинатот е опасна авантура што може да предизвика тешки последици по енергетската стабилност на државата, имајќи во предвид дека станува збор за најголемиот  капацитет за производство на електрична енергија  во Република Македонија.

    „Овој чин го сметаме како напад  врз стратешка цел, особено затоа што се спроведува во услови кога рударско-енергетскиот комбинат се подготвува за работа во зимски услови“, вели РЕК во соопштението.

    Додека едни протестираа за воздухот, на други битолчани не им сметаше згаденоста, па мирно си пазаруваа на панаѓурот со стока од Шутка, кој беше поставен спроти блокадите.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира